Со сезонски билет гледај три различни натпреварувања!
РК Вардар ги информира своите навивачи дека цената на сезонскиот билет за натпреварувачката сезона 2026/27 ќе изнесува 4.500 денари:
Со сезонскиот билет ќе бидат опфатени сите домашни натпревари на РК Вардар од групната фаза во Лигата на шампионите, како и сите натпревари од домашното првенство и Регионалната лига.
За натпреварите што ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“, секој сопственик на сезонски билет ќе има свое место, кое ќе може да го одбере при купувањето. Во оваа сала ќе се играат сите домашни натпревари од Лигата на шампионите, како и дерби средбите во регуларниот дел од сезоната и во разигрувањето за титулата. Во „Јане Сандански“ ќе се играат и натпреварите од Регионалната лига за кои ќе има поголем интерес од публиката.
Дел од натпреварите во домашното првенство и Регионалната лига ќе се играат во салата „Расадник“. За тие средби нема да има нумерирани седишта, но со сезонскиот билет влезот ќе биде обезбеден.
Секој сопственик на сезонски билет ќе добие пластифицирана сезонска карта, која ќе важи за сите натпревари вклучени во пакетот. По завршувањето на продажбата на сезонските билети, ќе започне продажбата на поединечни билети за секој натпревар.
Сезонските билети важат за:
СУПЕР ЛИГА
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ ОФ
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
РЕГИОНАЛНА РАКОМЕТНА ЛИГА
*Натптрвари во СЦ Јане Сандански и сала Расадник